Жељко Јовановиќ, директорот на Канцеларијата за ромски иницијативи при Фондацијата Отворено Општество: Изјаснувањето како Ром е слика на храброст

Минатата недела под покровителство на успешниот Европскиот ромски институт за уметност и култура (ЕРИАК) беше отворена канцеларија во Белград

За стравовите на ромското население, идентитетот и отпорот кон насилството карактеристично за Ромите, но и за новата канцеларија на Европскиот ромски институт за уметност и културата во Белград и плановите за во иднина Нови Магазин поразговара со Жељко Јовановиќ, директор на Канцеларијата за иницијативи за Ромите при Фондација Отворено општество.

Институтот е создаден како иницијатива во рамките на Советот на Европа. И како таква институција презеде многу тешка и важна задача. Во Европа, сè повеќе се движиме кон национализам и веќе ја гледаме ерозијата на демократијата, но и на демократската култура. Затоа ЕРИАК има важна улога, барем од ромска перспектива, за да помогне во пресврт на овој тренд. Во Србија, нашата канцеларија беше основана на иницијатива на претседателот на Србија. Отвораме канцеларии врз основа на институционални критериуми т.е. кога државата обезбедува барем два услови.

вели Јовановиќ и објаснува: „Едниот услов е да обезбедиме репрезентативен простор за галерија и канцелариски простор, а вториот е да обезбеди финансии за покривање минимални оперативни трошоци. Владата на Србија и претседателот на Србија се обврзаа да го сторат тоа. И тоа е она што го направија минатата година. Во меѓувреме, го уредивме просторот за денес да се отвори канцеларијата во Белград “.

Извор на слика: Ѓураѓ Симиќ

Без оглед на фактот што тие се најголемата етничка група, не само во Србија, туку и во Европа, Ромите се жртви на страдање, но карактеристично е што тие не се откажаа од ненасилен отпор преку образованието и културата.

Од кога дојдовме во Европа, имавме различни фази на страдање. Тоа се случи без оглед дали било за време на австроунгарија или холокаустот, дали било за време на конфликтот во Косово или во поранешна Југославија… така што во принцип холокаустот и тоа темно време, како Втората светска војна, беа само кулминација на нашето постојано страдање.

На непријателството и насилството никогаш не одговоривме со насилство. Во суштина немаме историја на насилна борба. Нема документи или историски факти кои покажуваат дека во било кое време сме зеле оружје, фрлиле бомби или сме убивале други луѓе за некоја наша цел, како што е создавање држава или сепаратизам во земјите во кои живееме. За жал, засега историјата нè научи дека тоа не се исплатело, така што и покрај сè, ние немавме никаков привилегиран статус, ниту државата го ценеше тој чин. Сепак, тоа е патот што нашата нација секогаш го следела и тој во суштина се сведува на избегнување конфликт и насилство.
Дури и по ваквите страдања во Втората светска војна, денес ние не само што сме најбројно малцинство, туку и нај просперитетно – не само во однос на другите малцинства, туку и во однос на проблемите и пречките со кои се соочуваме.

Дали мислите дека околината би прифатила ромски градоначалник?

Јас сум реален. Јас веројатно нема да имам шанса да го видам тоа во текот на мојот живот, но работиме на тоа да оставиме добра основа на следната генерација да се гради. Немам големи очекувања кога станува збор за краток рок, но се однесуваме како тоа да се случи утре.

Во својот говор, претседателот рече дека Ромите се потенцијал и дека Ромите се важни за Србија не само поради човековите права, туку и затоа што се потенцијал на оваа земја да оди напред – културолошки, економски и политички. Јас се залагам за идејата на оние кои велат дека состојбата на најслабите во општеството е слика на тоа општество, затоа верувам дека ако најслабите напредуваат, тогаш тоа општество како целина напредува.

Рековте дека ромското население во Србија и на Балканот живее во страв. Кои се тие стравови?

Нашите семејства се плашат дека ќе бидат иселени од своите домови поради процесот на урбанизација, дали ќе можат да ги хранат своите деца? Дали нивните деца ќе можат да го завршат училиштето и покрај предрасудите со кои се соочуваат? Дали ќе можат да се вработат кога ќе завршат на училиште? Исто така, се стравува дека тие ќе бидат нападнати на улица од крајно десничарски групи, како што е Левијатан. Дали ќе бидат нападнати кога ќе отидат во продавницата да купат нешто? Како што малиот Душан Јовановиќ убиен кон крајот на 90-тите.

Стравот е состојба на свест во нас од моментот кога ќе се родиме. Сепак, нашата сила се рефлектира во фактот дека го надминуваме тој страв, гледајќи напред и на тој начин се развиваме како нација.

Србија, како и регионот се соочуваат со попис. Дали мислите овој попис ќе ја покаже вистинска слика за тоа колку Роми има?

Во состојбата во која е Европа, а така е и во Србија, каде што има толку силни предрасуди кон Ромите, да се декларираш јавно како Ром е слика на храброст. Тоа е исто така политичка изјава затоа што, и покрај сè, сакате да изјасните кој сте и што сте, односно дека сте Ром или Ромка.

Во тој контекст, пописот е слика за слободата во Србија. Ако Ромите се слободни и го чувствуваат и изразуваат својот идентитет на тој начин, дури и преку таков административен процес како што е пописот, тоа е една голема работа. Ова беше важно за нас пред десет години, кога работевме на пописот и кога се зголеми бројот на Роми кои слободно се декларираа. Така е и сега. На крајот на краиштата, тој број исто така ќе го дефинира бројот на работни места во јавната администрација или бројот на ромски наставници или полицајци, бидејќи сликата за институциите треба да ја одразува сликата за општеството.

Инсистирањето во последно време само на идентитетот и на тој вид политика доведе до затворање во стилот – сам на своето. А кога сте сами, се раѓаат други проблеми. Дали мислите дека Ромите ќе можат од искуството да научат од своите направени грешки?

Се води голема светска дебата за тоа што е политика на идентитет, односно дали е нешто позитивно или не. За мене, клучното прашање е која е целта на таа политика? Никој не може да ја изедначи идентитетската политика што ја водат Ромите со идентитетската политика што ја водат нацистите и фашистите или со идентитетската политика што ја води денес, на пример, Виктор Орбан во Унгарија. Тие се бореа за политиката дека постои некаква хиерархија помеѓу оние кои припаѓаат на одредена нација и оние кои не припаѓаат. За разлика од нив, ние се бориме за еднаквост.

Нашата цел е еднаков третман и затоа не сакаме ништо повеќе, но исто така ништо помалку од другите. Тоа е целта на нашата политика. Идентитетот служи само како средство за отпор затоа што сè што општеството смета за дел од нашиот идентитет се всушност негативни елементи засновани на предрасуди.

Ромското население често е стигматизирано. Сето ова доведе до усвојување на резолуцијата на Европскиот парламент за антициганизам. Колку ова ќе придонесе да се зголеми разбирањето за ромските сограѓани?

Усвојувањето на вакви документи на меѓународно ниво е сигнал за политички напредок и покажува дека институциите дефинираа проблем што е специфичен за ромското население и со кој се соочуваме со децении и векови. Сепак, дури сега политичките институции веруваат дека ова е политички проблем и дека треба да се одговори на политички начин. Ова практично значи дека јавните институции мора да преземат одговорност. Дали оваа резолуција ќе има значење за обичните луѓе ќе зависи од полицијата, судиите, наставниците, односно од начинот на кој ќе одговориме на негативниот третман на Ромите во општеството, од перцепцијата на стигматизацијата. На крајот на краиштата, ќе зависи од јавните служби и државните службеници дали ќе се промени третманот на Ромите или ќе имаме решенија што ќе останат само мртво писмо на хартија.

 

Ова интервју оригинално е дело на Novi magazin, целото оригинално интервју може да го прочитате со клик на Željko Jovanović direktor Kancelarije za romske inicijative – Fondacija za otvoreno društvo: Izjasniti se kao Rom je slika hrabrosti