СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ

Граѓанското движење во текот на предходната недела излезе со своја реакција во однос на објавениот “Толковниот речник на македонски јазик” каде што можеа да се најдат зборовите циганче, поцигани, циганчи се, циганштија, циганштилак. Во текот на истиот ден пристигна информација дека зборовите ќе бидат отстранети меѓутоа на социјалните мрежи и во јавноста се отвори дебата во однос на оваа тема. Дел од јавноста смета дека со отстранувањето на зборовите се врши цензура.

Аваја ја информира јавноста дека како граѓанско движење ќе продолжи да ги следи тековите и да реагира за секој непрофесионален и селективен однос од страна на авторите без разлика дали се работи за толковниот речник или пак наставни содржини.  Ставот на Аваја е дека не треба да има селективно вклучување на зборови и еднострано толкување на зборовите кои историски ја етикетираат ромската заедница. Ги повикуваме сите лингвисти да се изјаснат во однос на значењето на зборовите и да дадат објаснување за потеклото на истите. Ние како граѓанско движење сметаме дека е потребна дебата во однос на оваа тема со што ќе може и пошироката јавност да се запознае повеќе за нашите факти како ромската заедница и ги повикуваме сите оние кои дебатираат на оваа тема да го прават тоа базирано на аргументи, а не врз база на емоции.

Ние како граѓанско движење сме спремни да дејствуваме на различни теми и покрај обидите за креирање на негативен наратив. Аваја продолжува да ги разгледува учебниците, лектирите и другите наставни содржини. Креираната перцепција за Ромите нарекувани како циганикои се лажговци, неписмени и крадцитреба да се промени. Таквата содржина е единствената содржина во образованието и таа успешно креира погрешна слика за ромската заедница. Граѓанското движење Аваја е и на ставот дека треба да се работи на промена на оваа перцепција и треба да се овозможи простор во образованието за прикажување на вистинската слика на Ромите.