Смртта на Станислав Томас во рацете на полицијата во градот Теплице, Чешка е последниот пример за полициската бруталност која ја претрпеле Ромите. Ова е земја што систематски ги стерилизирала жените Ромки и намерно го ослабнувала квалитетот на образование кај децата Роми. Ова е земја во која Претседателот е отворено расист и чиј Премиер и се заблагодари на полицијата за она што му се случи на Станислав Томас.
Чешката полиција се обиде да го намести инцидентот како употреба на легитимна сила, тврдејќи дека младите Роми биле под дејство на зависни супстанции. Според полициското соопштение, причина за смртта на притвореникот е употреба на зависни супстанции. Сепак, тоа не е важно кога на видеото се гледа како полицаецот клечи околу 5 минути на вратот на Станислав, а потоа сфаќа дека повеќе не се помрднува. Дали истото им го прават ова на мнозинското население кои користи дрога?
Чешка го брутализира нашиот народ предолго, но не е единствената земја во Европа што го прави тоа. Тројца Роми во Северна Македонија неодамна беа брутално претепани од полицајци, Во Романија полицијата брутализираше група мажи Роми. Во Србија, Високиот суд во Белград донесе одлука дека полицијата ги мачела Ромите.
Полициската бруталност кон Ромите е највидливиот начин на функционирање на системскиот расизам во Европа. Таа се заснова на неограничената сила на полицајците кои гледаат и третираат секое ромско лице како криминалец. Но, така не гледаат на секој етнички Чех, Романец, Бугарин или која било друга личност со бела кожа.
Сега е моментот Европејците да се солидаризираат како што тоа го сторија во случајот со Џорџ Флојд и движењето Black Lives Matter. Кога на полициските сили им е дадена наредба и кога полицијата ги крши правилата и тоа е прифатливо, како може некој да верува и да се чувствува безбеден и заштитен? Слободното општество е општество без полициска бруталност. Не треба да се чувствуваме небезбедни во сопствените заедници или загрозени од органите на прогонот заради бојата на кожата, предрасудите, стереотипите и расизмот.
Транснационално ромско движење, ние покажуваме сила и решителност да ги заштитиме нашите животи и да се ослободиме од страв и од насилство. Нашата слобода сеуште е под постојана закана. Тие нè направија робови, нè протераа од нашите домови, измачуваа и казнуваа кога го зборуваме на нашиот ромски јазик, ни ги одземаа децата, ги стерилизираа жените Роми и се обидоа да не истребат за да немаме иднина како нација. Втората светска војна беше врв на нашето страдање. Непријателството и насилството што ги претрпеа нашите предци Роми, за жал, продолжуваат до денес, кога брутално е убиен Станислав Томас.
Од Чешката влада бараме: 1. Независна истрага со што ќе истражува случајот на полициска бруталност во кој беше убиен Станислав Томас 2. Креирање на независна комисија што ќе ги разоткрива прекршувањата на полициските правила и практика во ромските заедници.
Расизмот убива! Неконтролирана расистичка полиција убива. Институционалниот расизам убива. Нашите правосудни системи мора да дејствуваат сега!