На 20 јуни, локалниот тим на Аваја од Радовиш ја реализираше својата локална иницијатива со вкупен износ од 1000 долари. Тимот на Аваја од Радовиш заедно со ромската заедница одлучија да се поделат 20 пакети во износ од 500 долари, а останатите 500 долари да се донираат на семејството од Радовиш чиј дом изгоре во пожар.
При реализицијата на оваа локална иницијатива се почитувани сите превентивни мерки и препораки за заштита од КОВИД-19.
Благодарност до тим лидерот Кемал Садилов и останатиот дел од тимот кој учествуваше во реализацијата на иницијативата.