Салија Бекир Халим

Салија Бекир Халим

Салија Бекир Халим има завршено средно гимназиско образование и говори ромски, македонски и англиски јазик. Од 2013 година до ден денес е дел од неформалната група на жени ,,Иницијатива на жени од Шуто Оризари” во рамки на Хера. Има учествувано во најразлични обуки за комуникациски вештини, организациско јакнење, застапување  репродуктивни права, превенција од туберкулоза, ХИВ, правни механизми, недискриминација. Таа е активистка за човекови права, репродуктивни и женски права. Во 2016 година учествува во застапување пред Комитетот за економски социјални и културни права при Обединетите Нации, а во 2018 година учествува во застапување пред CEDAW комитетот при Обединетите Нации. Исто така, во 2019 година учествува во застапување пред Директоратот за проширување и добрососедство-Брисел, во делот за репродуктивно здравје и еднакви можности при вработување на жените Ромки, а во истата година е втора добитничка на наградата на ЕУ за ромска интеграција во земјите на Западен Балкан и Турција за заложбите за репродуктивно здравје кај Ромите. Дел од тимот на Аваја е од март, 2020 година како тим лидер за општина Шуто Оризари.