Ремзи Медик има завршено средно образование со што се стекнува со звање машински техничар 1993-1995 година во Битола. Во 2001 година согледувајќи дека во ромската заедница во Битола недостасува организација која би можела да се соочи со огромниот број на проблеми во населбата Баир со група на млади ентузијасти ја формираат НВО „Баирска Светлина”. Во 2004 станува дел од експертски групи за Роми формирани од страна на Европскиот центар за малцински прашања. Има поминато голем број на семинари, обуки и други механизми. Преку кои го надградуваше својот капацитет за комуникациски вештини, стратешко планирање, лобирање и застапување и многу други. Во 2017 година заедно со Европскиот центар за правата на Ромите покренаа неколку судски постапки по однос на дискриминација врз Ромите, и ја имаат првата позитивна преседува по основ дискриминација по вера, раса и боја. Неговиот систематски пристап кон решавањето на проблемите на Ромите во општина Битола беше доволен мотив да се вклучи во граѓанското движење АВАЈА како тим лидер за општина Битола.