Муарем Шакировски од Куманово има 20 години и е студент по криминалистика на Факултетот за Безбедност во Скопје. Тој своето основно и средно образование го завршил во својот град. Во невладиниот сектор се вклучува во 2014 година како волонтер во ЦИД – Куманово, каде учествувал на многу обуки и семинари за лидерство и лидерски вештини, дискриминација, говор на омраза. Во 2018та година се вклучил како волонтер во НРЦ-Куманово при што помагал во извршување на проектните задачи поврзани со Ромите како што се домување, бесплатно здравство, дискриминација на Ромите. Во 2019 година се вклучува невладината организација ДАЈА – Куманово, каде 6 месеци работеше на проектот ,,Подобар живот на старите Роми во Куманово“. Шакировски работеше на двете кампањи на Граѓанската иницијатива ,,АВАЈА” при што на првата кампања како член, а на втората како тим лидер за градот Куманово.