Идает Сејфулов e роден во Кавадарци завршува основно училиште во Тоше Велков – Пепето во Кавадарци, а воедно го посетувал и музичкото училиште Лазо Мицев – Рале. Средно образование завршува во Илија Николовски – Луј во Скопје. Моментално е студент на факултетот по музичка уметност во Скопје. Има освоено бројни награди на натпревари по кларинет во државата и надвор од неа. Во февруари 2020 година се приклучува во ромската граѓанска иницијатива Аваја како тим лидер за општина Кавадарци со единствена цел и амбиција за поголеми заеднички позитивни промени на ромската заедница во нашата држава.