Фатиме Абдулова е родена на 07.11.1997 година во Велес своето основно училиште го завршува во ОУ. Св. Кирил и Методиј, а потоа продолжува во средното училиште Јовче Тесличков со што се здобива со звање економски техничар. Во моментов е на додипломски студии на Филозофскиот Факултет на отсекот Психологија на УКИМ. Во Аваја се вклучува во март 2020 година како тим лидер на Велес со цел да застапува промени на локално и национално ниво кои позитивно ќе влијаат и ќе го подобрат животот Ромите во Општина Велес.