Бајрам Демирали

Бајрам Демирали

Бајрам Демирали од Куманово, моментално вонреден студент прва година маркетинг менаџмент на МИТ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје. Бајрам од своите млади средношколски денови бил активен во сите невладини организации во Куманово до ден денес. Досега има учествувано во многу обуки и тренинзи поврзани со човекови права, застапување, претприемништво, политичка активација, комуникациски вештини, управување со проекти финансирани од ЕУ, организациско јакнење и многу други. По завршувањето на средното училиште Бајрам заминува на печалба во Авганистан таму работи 4 години за америчка компанија, по враќањето Бајрам во 2014 година започнува како практикант во ЦРЗ ДРОМ – Куманово. После неколку месеци практиканство се вработува во РОЖМ ДАЈА како проектен асистент во два проекта и е локален кoординатор за Куманово во проектот Малолетни бракови на НВО СОС Прилеп. Бајрам Демирали е долгогодишен активист во невладини и политички организации за подобар живот на Ромите во Куманово. Тој се вклучува од самото формирање на Граѓанската иницијатива АВАЈА како тим лидер за Куманово, каде првата кампања ја заврши успешно.