Ерсан Мухареми го заврши средното училиште при СЕОУ – Гостивар , Гостивар. Денес тој е студент на Финансиски менаџмент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” – Скопје. Тој е локален тим лидер на граѓанската иницијатива “Аваја” за општина Гостивар и во моментов е дел од тимот на Асоцијација Иницијатива за социјална промена – ИнСоК како волонтер на многубројни проекти и активности кои придонесуваат за зајакнување на ромската заедница. Неговата цел е да основа успешен бизнис бренд и како успешен претприемач да дава постојана поддршка на ромската заедница.