Орхан Таиров има завршено високо образование во Филозофскиот Факултет отсек Одбранбени и Мировни студии, во периодот од 2007-2011 година. Моментално е вработен во МТСП при одделот за техничка поддршка на министерката, прераспределен за работа со бездомниците во прифатниот камп Визбегово. Има учествувано на повеќе од 30 семинари и обуки спроведувани од различни организации во и надвор од државата кои се однесувале на теми поврзани со човекови права, организациско јакнење, комуникациски вештини, ненасилство и толеранција, лидерство, недискриминација, застапување и лобирање и многу други. Дел е од Аваја од месец март во својство на лидер за општините Сарај и Ѓорче Петров.