Кемал Садилов e роден на 17.04.1988 во Радовиш. Тој е среќно оженет и татко на две деца, син 4 години и ќерка 7 години. Вработен е во Адиент, Струмица веќе 3 години како оператор на машина. Се вклучува во Аваја на почетокот на 2020 година со цел да ја подигне свеста на ромската заедница за тоа кои се правата и потребите на Ромите во Радовиш, но и да влијае врз креирањето на идентитетот кај Ромите во општина Радовиш за кој што смета дека претставува најголем проблем.
kemal.mikail23@gmail.com