Дали чувате стари слики или обожавате да фотографирате со Вашиот мобилен телефон? Аваја отвора повик за најдобра фотографија на тема “ромски идентитет”. Сите заинтересирани може да испратат фотографија која го прикажува ромскиот идентитет.

 

ИНСТРУКЦИИ   

– Испратете фотографија (стари слики од занаети, фамилијарни слики, слики со традиционална носија или слично, како и слики кои се сликани сега а го прикажуваат ромскиот идентитет);

– Пишете ни и мало објаснување за самата фотографија, кога е сликана и по некој интересен дeтал;

– Напишете го Вашето име и презиме и мобилен телефон за да можеме да Ве исконтактираме;

– Фотографиите ќе бидат прикачени на нашите социјални мрежи според датумот на испраќање;

– Еден испраќач може да испрати најмногу до 3 фотографии.

 

Пратете ги Вашите фотографии најдоцна до 26-ти август на:

– Facebook Messenger: AVAJA

– еmail: avaja2019@gmail.com

 

Победниците ќе бидат објавени на 31 август!

Најдобрите 3 фотографии со најмногу лајкови ќе добијат награди!

Награди следуваат и за другите најинтересни фотографии!

Ги очекуваме Вашите фотографии!

 

Со Вашето учество на повикот се согласувате Аваја и донаторите јавно да ги објават фотографиите на социјалните мрежи. Воедно, се согласувате вашите пратени информации да бидат дел од нашата база на информации.