Аваја достави допис и побара потврда/документ издаден од страна на правно лице НВО да биде еден од доказите за добивање на државјанство.
По доставениот допис, Министерството за внатрешни работи ја информираше Аваја дека ваквата потврда/документ може да биде еден од доказите доколку странката има пријавен законски престој според Закон за странци и ги исполнува и останатите услови предвидени со Законот за државјанство.
Аваја го поздравува прифаќањето на овој предлог и смета дека има потреба од дополнителни измени и дополнувања кои ќе бидат доставени до институциите и пратеничките групи.
Аваја во наредниот период ќе побара Министерството за внатрешни работи да иницира измена и дополнување на Законот за странци, член 132 во делот на посебни услови за одобрување на постојан престој за продолжување на рокот на олеснителните околности за добивање на законски престој (измена донесена во 2019 која трае до септември 2021 година).
Аваја смета дека Изводот на родени издаден на лица кои немаат државјанство, а на кои во графата им стои xxx или /// во делот на матичен број, е доволен доказ врз основа на којшто лицето ќе може да поднесе барање за државјанство и тоа без потреба лицето да има регулиран законски престој на територија на Република Северна Македонија.
Овие лица кои имаат ваков извод од матична книга на родени предходно немале можност да го регулираат нивниот законски престој, а издадениот извод претставува документ издаден од надлежна институција што претставува доволен доказ дека лицето е родено на територија на Република Северна Македонија и живее на оваа територија.
Аваја ќе достави барање за пристап до информации од јавен карактер во однос на бројот на лица кои поседуваат извод од матична книга на родени без матичен број.

