Функцијата на тимот за организирање е фокусирана и делува во областа на организирање на ромската заедница на локално и национално ниво.Тоа што ние како тим го правиме е регрутирање на нови членови во движењето преку презентирање на граѓанското движење.Ние како имаме цел а тоа е да имаме информирана и организирана ромска заедница на национално ниво која што ќе биде вклучена и активна во процесите на донесување на одлуки кои што директно и индиректно ја таргетираат и ромската заедница.Овој модел на организирање сметаме дека е поразличен бидејќи се вклучуваат засегнатите групи во процесот на општествените промени.

Кампања: Ние гласаме, ние одлучуваме – 2019 Година

Активни општини: 14 Општини

Во однос на претходната кампања како  фокус на целата кампања ни беа претседателските избори кои што пред се остваривме низа на состаноци во сите општини со цел артикулирање на проблемите на локално ниво до надлежните инситтуции.Откако ги оддржавме сите состаноци на локално ниво со ромската заедница и детектиравме најгорливите проблеми заклучивме 3 приоритетни барања до владата.Тие барања беа внесени во манифесто каде за тие барања имавме поддршка од 10.450 поддржувачи на национално ниво.

Барањата беа:

  • Ромите да бидат минимум 2% застапени во државната и јавната администрација

до 2020 година со цел да се запази правичната застапеност по институции особено

министерствата

  • Двојна буџетска алокација за решавање на проблемите на Ромите до 2020 година
  • Двојно поголема реализација на капиталните инвестиции во ромските населби до
  • 2020 година

Овие барања беа презентирани во еден од клучните  настани во Скопје каде што двете Претседателски кандидати беа присутни и додадоа дека за овие барања ќе застапуваат до владата и  сите надлежни институции на локално и национално ниво.

Во оваа кампања тимот за организирање имаше клучна улога во организирање на заедницата и дисеминација на информациите низ целиот процес каде што на настанот организиран во Скопје имаше присутни во бројка од 1,300 поддржувачи на движењето кои што дојдоа од своите градови со цел да слушнат програмите на двете кандидати за Председатели.

Кампања: Мојот глас, твоја должност

Тимови/локации опфатени: 17 (Кичево, Дебар, Гостивар, Тетово, Ѓорче Петров, Топаана, Шуто Оризари, Куманово, Берово, Кочани, Виница, Кавадарци, Струмица, Радовиш, Битола, Прилеп, Велес)

Тим лидери: 21,
Активни членови во тимовите: 51

Активности: Организирање на протест од страна на структурите на Аваја (против насилниците од ЈСП), поттикнати од случајот со насилството врз студент Ром, 13ри Февруари, 2020;

Снимање на ромските заедници и нивните проблеми заедно со тим-лидерите (Велес, Прилеп, Битола, Тетово, Ѓорче, Топаана, Кавадарци). После месец дена преку објавеното видео за Прилеп каде еден од проблемите на ромската заедница беше инфраструктурата, се асфалтираа 3 улици (Дабнички завој, Беровска и Дабничка)

Кампања: КОВИД19 Ромски Иницијативи за брз одговор

Активности
Веднаш по започнување на КОВИД19 кризата и вонредната состојба инициравме live-дискусија со нашите тим-лидери кои ја пренесоа тековната состојба во нивните локации и итните потреби на ромската заедница.

Во средината на Март месец, АВАЈА организираше  помош за 150 ромски семејства во Дебар, како тогашно жариште и беше доставена со помош на тим-лидерката за Берово.

Од средина на месец Април, тимовите на Аваја активно започнаа со имплементирање на активностите на новата иницијатива.

Вкупната бројка на членови се зголеми на – 72

Трансформацијата на online регрутацијата и разговори со ромски фамилии за ургентните потреби резултираше со околу 966 разговори со поединци од семејства.

Од 10-ти Мај се започнаа онлајн дијалози (zoom) во 15 локации со присуство на тимовите на Аваја, луѓе  од заедницата и локални актери (претставници на институции) каде заедницата имаше можност да ги искаже своите проблеми, потреби и да адресира одредени барања до институциите.