Принципи и вредности
1. Меѓусебно почитување Задолжително почитување на секого со кого што имаме комуникација. Пристапот секогаш треба да биде исполнет со љубезност, разбирање и внимателност во односите со членовите на АВАЈА и со заедницата. Секаков тип на насилство ќе резултира со перманентно исклучување. |
2. Интегритет и искреност Секогаш треба да се знае и да се земе предвид мисијата на Граѓанската иницијатива. Сите заедничко работат на исполнување на специфичните цели и резултати, а однесувањето во и вон рамки на иницијативата на секој член треба да е во насока на мисијата на иницијативата. Секој член на граѓанското движење треба да има искрен пристап пред останатите членови во однос на донесување на одлуки и работењето. Мамење и лажење се строго забранети. |
3. Одбегнување на конфликт на интерес Забрането е преку користење на моменталната позиција или авторитет да се експлоатира друг член или интегритетот на иницијативата за лично богатење или неетичка корист. |
4. Праведност Забрането е однесување коешто ги експлоатира останатите членови или заедницата, искористувајќи ја нивната работа или грешки. Сите членови имаат еднаква можност да ги искажуваат своите ставови. Забрането е користењето на моменталната позиција и авторитет со цел да се експлоатира или дискриминира друг член. |
5. Одговорност во однос на трошење на буџет Најважно за иницијативата е да се избегне манипулацијата со буџетот, односно еден од главните принципи е буџетот да се користи етично и праведно. Секое утврдено неправилно трошење со намера да се стекне лична материјална корист ќе биде санкционирано. |
6. Одговорност во реализација на активностите Строго е забрането неодговорно реализирање на обврските и активностите или манипулирање или прикривање на вистинската реализација на обврските и активностите. |
7. Отчетност и Компетитивност Сите членови без исклучок е потребно да вложуваат одреден напор во реализирањето на обврските и активностите, поради тоа што покрај заедничката одговорност тоа е важно поради тоа што сите активности се меѓусебно приврзани и меѓузависноста на членовите е висока. Воедно од членовите се очекува одредена компетитивност преку преземање на одговорности и користење на можностите за развој и учење преку различни обуки или тренинзи. |
8. Тимска работа Со оглед на меѓузависноста помеѓу членовите, особено се препорачува тимска работа преку промоција на меѓусебна соработка и помош. Препорачано е доколку одреден член има експертиза во одредена област да му помогне на членот којшто не е доволно упатен во истата област. Препорачлива е отвореност кон нови вештини и знаења. |