Граѓанското движење АВАЈА започна да функционира во текот на 2019 година, предводено од три организации и тоа: Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико, Здружението за граѓани – Ромаверзитас и Здружение за јакнење и организирање на ромската заедница “Романо Авази”. Здружувањето на овие три организации произлегува од вкрстувањето на мисиите на организациите, при што Ромалитико се јавува како носител на компонентата за влијание врз јавните политики, Ромаверзитас како столб за градење на капацитетите на младите и нивна подготовка за заземање на клучни позиции, додека Романо Авази како носител на организирањето на заедницата во остварување на колективни цели.

Слика 1: Управувачка структура на АВАЈА

Граѓанското движење АВАЈА има национален тим кој вкупно се состои од 10 луѓе кој е поделен според 4 столбови на функционирање.

  • Првиот столб го опфаќа мобилизирањето на членови и работа на терен, во овој столб вклучени се 3 од националниот тим.
  • Вториот столб го опфаќа делот на аналитика и истражувањата засновани на докази, во овој столб се вклучени 2 од националниот тим.
  • Третиот столб е задолжен за комуникација со јавност, ПР и односи со социјалните мрежи. Во овој столб има 2 од националниот тим.
  • Четвртиот столб е задолжен за лобирање и застапување со засегнатите страни. Овој столб има вкупно 3 членови од националниот тим.

 

АВАЈА на локално ниво функционира во 17 општини и тоа во: Гостивар, Тетово, Дебар, Кичево, Битола, Прилеп, Струмица, Виница, Велес, Кочани, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Топаана (Чаир), Куманово, Радовиш, Берово и Кавадарци. Во овие 17 општини Аваја има Локални Тим лидери, при што во рамките на секоја општина има по 3 членови. Структурата на тим лидери и членови во сите 17 општини брои  62 односно 72 заедно со националниот тим.