Поддршка на заедницата за време на Ковид19

Со ширењето на Ковид19 во Република Северна Македонија, граѓанското движење започна со кампања за поддршка на заедницата со цел ублажување на економските последици од кризата, информирање на заедницата и директна поддршка за ургентните потреби на Ромската заедница во 15 општини.

Со да се ублажат економските последици од кризата, Ромалитико како дел од граѓанското движење на АВАЈА заедно со Иницијативата за развој на претприемништвото кај Ромите „РЕДИ“ достави  единаесет социјални и економски препораки до Владата со таргет на ромската заедница. Овие мерки има за дел да предложат долгорочни и системски решенија за Ромската заедница за време на Ковид19 кризата.

АВАЈА во однос на пандемијата со Ковид 19 вирусот, активно го застапуваше прашањето за влезот на лицата од неформалната економија во системот на социјална заштита, како и на лицата кои се избришани од евиденција од АВРМ, одложување на ратите од кредитите од небанкарските институции и донесување подзаконски акти за лицата без документи да имаат пристап до одредени права од социјална заштита, вработување, образование и здравствена заштита.

Паралелно со овие мерки, се спроведе и Петиција за Одлагање и реструктурирање на отплатите на кредитите за фирми и граѓани да ја прошири и да ги опфати и небанкарските институции (Финансиски институции – брзи кредити и он-лајн кредити и кредитни фондации). Петицијата беше поддржана од страна на 1,900 граѓани при што истата имаше за цел  овозможи на семејствата поголема финансиска сигурност и преживување во периодот додека трае вонредната состојба.

Во рамките на Ковид19 кризата, АВАЈА спроведе и едукативна кампања за информирање на заедницата за Ковид вирусот со доктори, психолози но исто така во соработка со тим лидерите редовно се известуваше за состојбата на ромската заедница за време на пандемијата.

Воедно, Граѓанското движење на Ромите – АВАЈА реализира и Дијалози со заедницата и локалната самоуправа во 15 општини во Република Северна Македонија. Со овие Дијалози се мапираат ургентните потреби и проблеми на заедницата, по што тие се презентираат пред локалните институции и Градоначалниците за да се најде соодветно одржливо решение. За прв пат, со значителни напори на локалните тим лидери, Аваја успеа дигитално да ја организира заедница преку платформата ЗООМ, при што на самите дијалози Ромската заедница директно ги упатуваа своите прашања и ургентни потреби до градоначалниците и локалните институции.

Ургентна реакција од локалната самоуправа и од институциите побараа ромските семејства во доменот на инфраструктурата и домувањето, обезбедувањето на јавни чешми, дезинфекција на ромските населби,  пренамена на локалниот буџет за поддршка на најзагрозени семејства и отпишување на долговите кон јавното комунално претпријатие за сите приматели на гарантирана минимална помош, ослободување на пазарџиите од трошоци за рента на тезги. Воедно, се упатија и барања завклучување на Ромите во различни програми на Агенцијата за вработување, со цел да се определи одреден надомест.

Дополнително, граѓанската иницијатива пренамени 17,000 долари за поддршка на ургентни потреби на заедницата во 17 општини. Самата заедница заедно со тим лидерите во текот на дијалозите ги дефинираше ургентните потреби, при што поддршката се реализираше во доделување на прехранбени пакети на најзагрозените семејства, доделување на ваучери за набавка на терапија на стари лица, поддршка за кров на семејства на кои им изгорела куќата, како и доделување на таблети за следење на он-лајн настава.