Да се прекинат казните за движење од Ковид19 пандемијата, но и да размисли како да се реши проблемот со затворските казни

Граѓанското движење Аваја ја информира јавноста дека има голема потреба од изнаоѓање на соодветно решение за прекинување на казните добиени заради прекршување на забраната на движење за време на Ковид19 пандемијата. Известуваме дека повеќе лица се имаат обратено до Аваја за проблемот со исплатата на казните и определените затворски казни.

Аваја ја поддржува иницијативата за донесување на Закон за амнестија за прекинување на казните, особено за оние граѓани (физички лица) кои се особено погодени од економската криза. Во таа категорија на граѓани спаѓаат не само социјалните случаеви, меѓутоа и онаа категорија на граѓани чии примања не соодвествуваат со реалните цени на пазарот.

Меѓутоа, изнаоѓањето на решение не треба да биде само во насока на олеснување или бришење на казните за оние кои сеуште не ги платиле, туку и кон оние чии глоби се заменија со акт за издржување на затворска казна. Нашите затвори немаат капацитет да одговорат на овие казни, но и доколку се донесе Закон за амнестија за прекинување на казните заради прекршување на забраната за движење за време на Ковид19, тогаш сметаме дека треба да се најде соодветно решение и за лицата кои веќе имаат акт за издржување на затворска казна.